Хрватскиот репрезентативец Матео Ковачиќ побарал од Реал да биде ставен на трансфер листата. Ковачиќ три години е во Реал но не успеа да се избори за некоја позначајна улога во тимот.
Минатата сезона тој одигра само 11 натпревари во Ла Лига, а самиот знае дека во конкуренција на Модриќ, Крос и Каземиро и оваа сезона ќе има лимитирана минутажа.
Ковачиќ побарал од новиот тренер Хулен Лопетеги да биде ставен на трансфер листата.
Наводно Реал за Ковачиќ ќе бара обесштетување од 50 милиони евра, а според медиумите интерес веќе покажале неколку италијански тимови и Манчестер сити.