Утрешниот меч помеѓу Фулам и Барнли во Премиер лигата е откажан по нови случаи на КОВИД-19 во лондонскиот клуб, откако претходно беше откажан и мечот на Фулам со Тотенхем поради истата причина.
Тимот на Скот Паркер требаше да патува во Барнли во саботата попладне откако ќе го завршеа тренингот, но не им беше дозволен влез на Мотспур парк тренинг-центарот.
Ова е четврти меч од Премиер лигата кој е откажан поради КОВИД-19 по Фулам-Тотенхем, Њукасл-Астон вила и Манчестер сити-Евертон.