Top Sport

Крадци влегле во домот на Погба во текот на вчерашниот меч со Атлетико!

Ѕвездата на Манчестер јунајтед, Пол Погба преку социјалните мрежи откри дека во последните минути од вчерашниот пораз од Атлетико Мадрид (0:1) во Лигата на шампионите, неговиот дом бил мета на крадци, кои влегле во неговата куќа додека неговите две деца спиеле во соседната соба.

„Вчера ни се оствари најголемиот кошмар кога нашиот дом беше ограбен додека нашите бебиња спиеја во својата соба. Крадците беа во нашиот дом помалку од пет минути, но ни одземаа нешто најдрагоцено, нашето чувство за безбедност. Ова се случи во последните минути од вчерашниот меч, кога знаеја дека нема да сум дома. Мојата сопруга и јас веднаш отидовме дома без да знаеме дали нашите деца се безбедни. Како татко, нема полошо чувство од тоа да не можеш да ги заштитиш своите деца и посакувам никој да не го почувствува тоа. Затоа сакам да понудам награда за секој кој може да ни даде информации“, напиша Погба на социјалните мрежи.

Scroll to Top