Top Sport

Наместени боксерски мечеви на ОИ во Рио де Жанеиро

Судиите наместиле неколку борби на турнирот во бокс, на Олимписките игри во Рио де Жанеиро во 2016 година. Независната истрага утврдила дека судиите ги местеле мечевите.

Меѓународната боксерска асоцијација (АИБА), го ангажирала Ричард Мекларен за да ја спроведе истрагата. Тој во својот извештај објави дека некои челници на АИБА ги бирале судиите со кои ќе можат да манипулираат.

„Клучните луѓе одлучиле дека правилата за нив не важат“, рекол Мекларен и дополнил дека меѓу судиите „постои култура на страв, заплашување и послушност“.

Со истрагата не е утврдено колку мечеви биле наместени, проценката е дека се работи за 11 или помалку борби.

Мекларен открил дека пред борбите на судиите им кажувале кој боксер треба да победи, но дека се уште не било утврдено кој ги координирал.

Пред пет години во Рио де Жанеиор, вниманието го провлече гестот на Мајкл Конлан. Ирцеот им го покажа средниот прст на судиите и ги нарече измамници, откако загуби од Владимир Никитин.

Мекларен не потврдил дали оваа борба е една од наместените, туку открил дека имало разговори за поткуп од 250.000 долари за победата на боксер од Монголија во полу-финалето против боксер од Франција. Поткупот не „поминал“, Монголецот ја загубил борбата.

Се наведува дека под сомнеже е и борбата во која Тони Јока го победил Џо Џојс.

Scroll to Top