Соиграчот на македонскиот репрезентативец Енис Барди во Леванте, поранешниот германски репрезентативец Шкодран Мустафи имал непријатно искуство со тројца крадци, кои влегле во неговата вила и си заминале со накит, часовници и кеш во вредност од милион евра, јавуват шпанските медиуми.
Тројца маскирани криминалци влегле во вилата на Мустафи преку балконот и половина час пребарувале по неговите соби пред 30-годишниот фудбалер да ги забележи, но за среќа немало насилство кон него и неговото семејство.
Ова не е прв случај фудбалерите, со своите високи плати, да бидат мета на крадци во Шпанија, а такви случаи има и во Италија, Германија и Англија.