Top Sport

Крај и за Шкупи во Лига Европа (Видео)

Фудбалерите на Шкупи го заокружија катастрофалниот ден на македонските тимови во првото квалификациско коло во Лига Европа. Иако имаа добар резултат од првиот меч во Ерменија против Пјуник (3-3), фудбалерите на Шкупи во реваншот се поразени 1-2 и се елиминирани од понатамошните натпревари. Претходно истата судбина ја доживеаја фудбалерите на Македонија ЃП и Академија Пандев.

Дека на Шкупи ќе му биде тешко да ги елиминира Ерменците најави Једигарјан уште во седмата минута, кога постигна преубав гол.

Играчите на Пјуник предноста ја зголемија во 31 минута кога Миранјан се запиша меѓу стрелците.

Во финишот Шкупи се обидоа, постигнаа гол преку Јурина во 82 минута, а потоа нивниот налет застана кога Сержињо, четири минути по голот, доби директен црвен картон.

Scroll to Top