Top Sport

Крај на една ера, Хамшик заминува од Наполи

Марек Хамшик, легендата на Наполи, во саботата против Сампдорија, го одигра последниот натпревар за клубот во кој пристигна во 2007 година.

Наполи ја победи Сампдорија со 3:0, Хамшик на теренот мина 74 минути. По мечот заминувањето на капитенот го потврди тренерот Карло Анчелоти.

„Преговорите се во тек, клубот реши да му дозволи да замине. Многу го почитуваме тој во Наполи испиша историја. Не сакам ништо да сокријам, преговорите се во тек“.

Хамшик кариерата ќе ја продолжи во Далиан Јифанг. Со кинескиот клуб тој треба да потпише три годишен договор, според кој ќе заработи девет милиони евра. Наполи од неговиот трансфер ќе инкасира 25 милиони евра.

Марек Хамшик за Наполи одиграл 520 натпревари, постигнал 121 гол што го прави најдобар стрелец во историјата на клубот.

Scroll to Top