Италијанските медиуми тврдат дека легендата на Рома, Франческо Тоти и неговата сопруга Илари Блази ќе се раздвојат по 17 години брак, а причината е неверство.
Тоти и Блази стапија во брак во Рим во јуни 2005 година, но веќе се заедно повеќе од 20 години, но италијанските таблоиди велат дека на љубовната приказна и дојде крај. Според „Даагоспија“, Тоти дознал дека Илари имала афера со еден од нејзините колеги во телевизијата во која работи, така што и тој почнал да се гледа со други жени.
Според италијанските медиуми, Тоти и Илари не го прославија заедно роденденот на напаѓачот во септември и оттогаш односите биле речиси непостоечки.
LA FAVOLA TOTTI & ILARY ALLE BATTUTE FINALI? – IL 5 FEBBRAIO SAREBBE ESPLOSO L’ENNESIMO LITIGIO https://t.co/6TeSDG0spy pic.twitter.com/dk3hZNVltq
— Dagospia (@_DAGOSPIA_) February 21, 2022