Манчестер јунајтед се подготвени да му дозволат на 34-годишниот Ешли Јанг да си замине следното лето отпуштајќи го од договорот, откако младиот Арон Ван-Бисака му го презеде местото во стартните 11, јавува „Ивнинг стандард“.
Ван-Бисака пристигна за одлични 50 милиони фунти во текот на летото и тој се промовираше во прв избор за позицијата на десен бек под Оле Гунар Солскјер, по што Јунајтед решиле да не преговараат со Јанг за нов договор и му дозволиле да разговара со тимови надвор од Англија уште од јануари.
Јанг уште е капитен на Манчестер јунајтед и може да игра на двете крила, но покрај Ван-Бисака, Лук Шо, Диого Далот и Брендон Вилијамс тешко дека ќе добие поголема шанса. На крајот на минатата сезона Јунајтед му дадоа едногодишен договор поради неговото искуство, но бидејќи Солскјер планира и нови засилувања, тој најверојатно ќе замине.