Регуларната сезона во италијанската трета лига, Серија Ц и официјално е прекината, со Виченца, Реџина и Монца во сопственост на Силвио Берлускони со влез во Серија Б, додека во Серија Д испаѓаат Гоцано, Римини и Риети.
Одлуката беше потврдена на федералниот совет на Италијанската фудбалска федерација (ФИГЦ). Монца, Виченца и Реџина беа лидери на трите групи во Серија Ц, додека четвртиот патник ќе биде одлучен со плејоф.
Нови членови на Серија Ц се Палермо, Лукезе, Про Сесто, Камподарсего, Мантова, Гросето, Мателича, Турис и Битонто.