Top Sport

Крај на сезоната за Камара

Фудбалерот на Астон Вила, Бубакар Камара ќе го пропушти остатокот од сезоната поради повреда. Лошата вес ја потврди менаџерот на тимот, Унаи Емери.

Камара го скина предните вкрстени лигаменти на неделниот натпревар од Премиер лигата против Манчестер јунајтед.

„Првите проценки се дека тој може да се врати на теренот само во септември или октомври“, изјави Емери.

Камара пристигна во Астон Вила во 2022 година од Марсеј, а за клубот од Бирмингем одигра 43 натпревари.

Настапуваше за сите јуниорски селекции на Франција, а во сениорска конкуренција одигра пет натпревари за „тирколорите“.

Астон Вила моментално е петта на табелата во Премиер лигата и во следното коло ќе му гостува на Фулам.

Scroll to Top