Top Sport

Циципас по пет години испадна од Топ 10

Грчкиот тенисер Стефанос Ципас повторно ќе назадува на АТП листа. Неговиот нов пласман ќе биде и најслаб во последните пет години, бидејќи ќе биде надвор од првите десет во светот.

Циципас од понеделник ќе се најде на 11. позиција, на АТП листата.

За ова придонесоа успесите на Тејлор Фриц во Делреј Бич и Алекс Де Минор во Ротердам.

Пласманот на Американецот и Австралиецот во полуфиналето на споменатите турнири им донесе и пробив во првите десет на светската ранг-листа.

Де Минор ќе биде деветти на најновата листа, а Фриц ќе биде зад Австралиецот.

Последен пат Циципас не беше во Топ 10 на 4 март 2019 година. Во Топ 10 грчкиот тенисер беше 259 последователни недели.

Неговиот најдобар пласман во тој период беше третото место.

Scroll to Top