Top Sport

Крај на сезоната за Лукас Ернандез

Лукас Ернандез, најскапиот играч во историјата на Баерн Минхен, го заврши Светското првенство. Левиот бек, одигра само 13.минути за Франција против Австралија (4:1).

Синоќешниот преглед покажа дека 26-годишниот Ернандез ги скинал предните вкрстени лигаменти. Ова значи дека Ернандез повеќе нема да игра фудбал оваа сезона.

Тоа е уште еден удар за бранителот на титулата бидејќи Карим Бензема, Кристофер Нкуку, Н’Голо Канте, Пол Погба, Мајк Маињан и Преснел Кимпембе, поради повреди не се најдоа на спискот за Катар.

За Ернандез, фудбалер кој пред четири години ги одигра сите натпревари на Светското првенство, синоќешниот настап беше 32. во кариерата за француската репрезентација.

Scroll to Top