Top Sport

Ботас со доминација во Австралија, ниту подиум за Ферари!

Валтери Ботас доминираше на првата трка од новата Ф1 сезона, откако во Мелбурн го помина својот колега од Мерцедес, светскиот шампион Луис Хамилтон на стартот за прва победа од 2017 година, додека најавите за силен Ферари не се остварија, откако тимот воопшто не беше на подиумот.

Хамилтон ја имаше пол-позицијата во Австралија, но ја загуби предноста веднаш по спориот старт, но успеа да го изддржи притисокот од Себастијан Фетел во Ферари и Макс Ферстапен во Ред бул за да ја комплетира 1-2 победата, додека Ферстапен го донесе првиот подиум за болид со мотор на Хонда од Британското ГП на почетокот на соработката со Ред бул.

Откако го помина Хамилтон на првата кривина, Ботас немаше проблеми до крајот на трката, а му помогна и тоа што Мерцедес реагираа на раното влегување во боксот на Фетел и го поставија Хамилтон на послаба стратегија. Фетел влезе во 14-тиот круг од 58, а Хамилтон еден круг подоцна. Ова дозволо Ботас, Ферстапен и вториот возач на Ферари, Шарл Леклер да останат уште неколку круга на меки гуми со што направија предност.

„Не знам што се случи денеска. Стартот беше навистина добар, а ова беше мојата најдобра трка во кариерата. Ја имав под контрола ситуацијата и морам да ја прославам оваа победа. Едвај ја чекам следната трка“, изјави Ботас по триумфот кој никој не го очекуваше.

Ферстапен во средината на трката (31 круг) успеа да го помине Фетел, по што тргна во „лов“ на возачите на Мерцедес, останувајќи 1.5 секунди зад Хамилтон додека не направи грешка и излезе на тревата.

Ботас го освои и првиот екстра поен во новата ера со најбрзиот круг во претпоследниот круг од трката, за да освои 26 поени од Мелбурн. Најавите за силен Ферари не се остварија, откако Фетел едвај го заддржа четвртото место пред Леклер.

Кевин Магнусен го освои шестото место за Хас пред Нико Хилкеберг во Рено, додека Кими Раиконен беше седми во дебито за Алфа Ромео, пред Ленс Строл, кој исто така дебитираше за новиот тим Рејсинг поинт (поранешните Форс Индија). Повратникот Данил Квјат го освои последниот поен со 10. место пред вториот возач на Ред бул, Пјер Гасли.

Лендо Норис по одличните квалификации успеа да стигне само до 12. место за Мекларен, додека неговиот колега Карлос Саинс Јуниор не ја заврши трката, како и домашниот миленик, Даниел Рикардо во својата прва трка за Рено.

Фото: ЕПА

Scroll to Top