Top Sport

„Кралевите“ доминантно против Јуве пред 93 илјади гледачи во Калифорнија

Европскиот шампион Реал Мадрид стигна до 2:0 победа над Јувентус во последниот меч од пред-сезоната, во меч во кој Карим Бензема беше стрелец, а „кралевите“ доминираа во поголемиот дел од мечот.

Пред повеќе од 93 илјади гледачи на славниот стадион „Роуз боул“ во Пасадена, Калифорнија, Реал повторно покажа напаѓачки фудбал со Карим Бензема и Винисиус Жуниор, а Бразилецот успеа да обезбеди пенал во 19. минута, кој Бензема сигурно го реализираше. Вториот гол на мечот „падна“ во 69. минута, кога по уште една убава комбинација, Марко Асенсио зголеми на 2:0.

Од другата страна, Јуве имаше проблеми, посебно во нападот – Душан Влаховиќ не импресионираше во својот прв меч од пред-сезоната, додека Анхел ди Марија исто така беше без поголеми шанси.

Мадрид, пак, сега на 10 август играат во Суперкупот на УЕФА во Хелсинки против Ајнтрахт Франкфурт, додека Јувентус имаат уште еден пријателски меч против Атлетико Мдрид на 7 август.

Scroll to Top