Top Sport

Лева се изнапромашува, Барса го победи Њујорк ред булс

Роберт Левандовски не успеа да се запише во листата на стрелците по повеќе промашувања, но Мемфис Депај и Усман Дембеле постигнаа голови за Барселона да ја заврши американската турнеја со 2:0 победа над Њујорк ред булс.

Усман Дембеле ја продолжи фантастичната форма по продолжувањето на договорот со гол во 40. минута, но Ред булс беа достоен противник, пред во второто полувреме да ги сменат сите 11 играчи. Жерард Пике повторно беше исвиркуван од публиката, најверојатно поради неговата разделба со Шакира, додека Левандовски беше заменет во 73. минута од Мемфис Депај, кој по неколку обиди постигна гол во 87. минута користејќи ја грешката на одбраната.

Scroll to Top