Реал Мадрид е заинтересиран за францускиот интернационалец од европскиот првак Челси, Нголо Канте, и сака да го доведе на лето на „Сантијаго Бернабеу“, пренесуваат шпанските медиуми. Тој на лето ќе влезе во последната година од договорот и би можел да го напушти „Стемфорд бриџ“, бидејќи нема најави за продолжување на соработката.
Челси во моментот е под санкции и не смее да потпишува нови договори со фудбалерите, а Реал Мадрид сака тоа да го искористи.
„Кралевите“ веќе стапиле во контакт со агентот на Нголо Канте и на лето ќе испратат понуда за Французинот.