Атлетико Билбао стигна до 11. победа во Ла Лига оваа сезона откако на домашенн терен го совлада Елче со 2-1. Домаќинот успеа да го скрши отпорот на жилавиот гостин со голот на Алехандро Беренгер во 32.минута. Вториот гол беше дело на Асие Вилалибре во 86.минута.
Елче постигна почесен погодок во 92.минута преку Хосан, но бодовите сепак останаа во Билбао.