Шпанскиот гигант Реал Мадрид е заинтересиран за играчот од средниот ред на Манчестер Сити, Кевин де Бруин. „Кралевите“ планираат голема реконструкција на тимот во летниот преоден рок, а претседателот Флорентино Перез покрај Килијан Мбапе сака да доведе најмалку уште една голема ѕвезда на европскиот фудбал.
Де Бруин не би имал ништо против кариерата да ја продолжи во Реал Мадрид, но Манчестер Сити за Белгиецот ќе бара отштета од 100 милиони евра.
Играчот од средниот ред има договор со „граѓаните“ до летото 2025 година. Оваа сезона има 14 гола и осум асистенции за Манчестер Сити на 36 натпревари во сите натпреварувања.