Top Sport

Кралицата Елизабета Втора им ја честиташе европската титула на Англичанките

Кралицата Елизабета Втора и ја честиташе европската титула на женската фудбалска репрезентација на Англија. Домаќинките со 2:1 по продолженија го победија осумкратниот шампион Германија на „Вембли“ и ја освоија првата титула во својата историја.

„Вашиот успех е огромен и целосно го заслуживте. Сите вие ​​дадовте пример кој ќе биде инспирација за девојките и жените денес и за генерациите што доаѓаат“, напиша англиската кралица во писмото во кое им честиташе на шампионките.

Еуфоријата во Англија по успехот е невидена. Неделното женско финале привлече 87.192 гледачи на трибините на „Вембли“, повеќе од најпосетеното финале на Европското првенство во машка конкуренција. Тоа се случи пред повеќе од половина век, во 1964 година, кога домаќинот Шпанија ја победи репрезентацијата на СССР со 2:1 пред 79.115 гледачи.

Scroll to Top