Top Sport

„Кралицата“ на трансферите, Грановскаја заминува од Челси

Марина Грановскаја, која во минатото беше нарекувана како „најмоќна жена во фубалот“, ќе си замине од Челси, тврдат британските медиуми, откако и долгогодишниот претседател на клубот од ерата на Роман Абрамович, Брус Бак се повлече од позицијата.

Како директорка на Челси, Канаѓанката со руско потекло беше најблизок соработник на Абрамович во лондонскиот клуб, одговорна за преговорите за трансфери и за ангажирање на фудбалери, позиција која сега ќе ја преземе ко-сопственикот на тимот, Тод Бели, тврди „Дејли телеграф“. Бели и неговиот американски конзорциум го купија Челси од Абрамович за 4.25 милијарди фунти во мај.

47-годишната Грановскаја минатиот месец ја доби наградата за најдобар директор на клуб од страна на италијанскиот весник „Тутоспорт“.

Scroll to Top