Top Sport

„Кралот“ на пеналите, Антонин Паненка во критична состојба со КОВИД-19

Чешката фудбалска легенда, Антонин Паненка, чиј славен пенал за победа против Германија на ЕП во 1976 година, се наоѓа во одделот за интензивна нега во болницата во Прага поради позитивен тест на КОВИД-19, потврди неговиот поранешен клуб, Бохемијанс.

71-годишниот Паненка ја предводеше поранешна Чехословачка до единствената интернационална титула откако го постигна победничкиот пенал против германскиот голман Сеп Маер во финалето, и овој удар оттогаш го носи неговото име „паненка“.

Многу од најголемите фудбалски имиња во историјата се обидоа да постигнат „паненка“ на големите мечеви. Французинот Зинедин Зидан донесе 1:0 водство против Италија во финалето на СП во 2006, додека Андреа Пирло постигна гол за Италија на ЕП во 2012 против Англија.

Scroll to Top