Top Sport

„Кралот“ не е мртов! Карим Бензема ја продолжи лудата серија

Како повеќе пати оваа сезона, кога изгледаше дека Реал Мадрид е во нокдаун, тука е Карим Бензема. По неверојатниот старт на Манчестер сити, во кој „граѓаните“ дојдоа до 2:0 водство по само 11 минути, Реал ја врати рамнотежата во играта, за францускиот напаѓач да ја продолжи голгетерската серија.

Во 33. минута од мечот, Менди имаше убаво нафрлување за Бензема да го постигне својот 14. гол во Лигата на шампиони оваа сезона. Ѕвер!

„Нокаут“ за 10 минути – Сити го искористи „подарокот“ од Алаба за 2:0 водство против Реал

Scroll to Top