Андреј Крамариќ постигна два гола за да ги предводи Хрватите до 4:1 победа над Канада и покрај тоа што примија гол по само две минти игра, и потоа му одговори на канадскиот селектор, Џон Хердман за пораката дека сега ќе ја „е.ат“ Хрватска по поразот од Белгија.
Во првото коло, Канаѓаните беа подобри од Белгијците, но утнаа пенал, по што Англичанецот на канадската клупа изјави дека на своите фубалери им кажал дека сега мораат да ја „е.ат Хрватска“, нешто што предизвика лути реакции кај ривалите.
„Првите пет минути беа тешки, но како и секогаш покажавме фокус и физичка сила поради кои направивме пресврт. Посебна вечер за мене, бидејќи не се даваат два гола на Светско секој ден. Сакам да им се заблагодарам на Канаѓаните за мотивацијата. Хрватска покажа кој кого ќе е.е“, изјави Крамариќ.
After losing to Belgium, Canada coach John Herdman told his players that ‘they belong here, and we’re gonna go and ‘F’ Croatia, it’s as simple as it gets’.
Andrej Kramarić after Croatia’s 4-1 win eliminated Canada: pic.twitter.com/aIXRZDMlv4
— ESPN FC (@ESPNFC) November 27, 2022