Врие во репрезентацијата на Хрватска пред почетокот на Европското првенство. Андреј Крамариќ, напаѓачот на Хофенхајм не е задоволен од одлуката на селекторот, Златко Далиќ, да игра не игра на неговата природна позиција.
Крамариќ смета дека е најпродуктивен кога игра како полу-шпиц, како поддршка за напаѓачите, додека според селекторот тој треба да игра како класична „деветка“, а на позицијата која му е омилена на Крамариќ го форсира Бруно Петковиќ.
„На која позиција играм знаат и селските баби“, рекол Крамариќ.
На оваа изјава селекторот се закани дека доколку Краариќ не ги почитува неговите одлуки тогаш ќе биде отстранет од тимот.
„Оние кои се незадовлни нема да бидат во репрезентацијата. Јас одлучувам кој и каде ќе игра“, рекол Далиќ.
Хрватска, утре во Брисел, против Белгија ќе го одигра проследниот контролен меч пред почетокот на ЕП.