Во една од побизарните вести од англискиот фудбал, поранешниот англиски репрезентативец Питер Крауч отвори изложба на фотографии на легендата на Манчестер јунајтед, Рој Кин со навивачи, на кои, нормално ирската легенда никогаш не е насмеана.
Кин, кој освои седум титули од Премиер лигата и еден трофеј од Лигата на шампионите со „ѓаволите“ секогаш беше еден од најцврстите момци на теренот, а неговиот темперамент значеше дека и средбите со навивачите никогаш не поминувале најдобро.
Крауч преку својот подкаст побара од фановите да споделат фотографии и приказни од средбите со Кин, и сега реши дека тие се доволно добри и претставуваат уменост, поставувајќи ја изложбата во „Госпорт“ галеријата во Хемпшајр.
? The Sixteenth Chapel Officially Open
Officially opened by @petercrouch @Chris_Stark & @tomfordyce
Entry is free for all and open 24/7#TheSixteenthChapel #passthepod pic.twitter.com/a2ztVSxM4i
— That Peter Crouch Podcast (@PeterCrouchPod) June 10, 2020