Барселона не мора да му исплати на Ливерпул, дополнителни 20.000.000 евра, за Филипе Кутињо. Долго време медиумите шпекулираа, дека постои клаузула во договорот на Кутињо, според која Ливерпул треба да ја добие оваа сума, кога Бразилецот ќе го одигра 100. натпревар за „Блауграна“.
Медиумите во Шпанија откриле дека таква клаузула воопшто не постои в договорот на Кутињо. Информацијата, повикувајќи се на извори од Ливерпул, ја потврдиле и англиските медиуми.
Кутињо, во неделата, против Реал Мадрид го одигра 99.натпревар за Барселона. Јубилејот ќе го обележи утре, на „Ваљекас“, против Рајо Ваљекано, во 11.коло во Примера.