Поранешниот аргентински напаѓач Ернан Креспо си замина од позицијата тренер на бразилскиот клуб Сао Пауло по катастрофалните резултати со тимот.
Креспо пристигна во Бразил во февруари 2021 година и имаше договор до декември 2022 година, но си заминува откако во последните 10 меча имаше само една победа, додека последните пет меча му беа нерешени.
Италијанските медиуми го поврзуваат Креспо со работа во Италија, откако беше водач на младинската академија на Парма по неговото пензионирање во 2014/15, а потоа ја водеше Модена во Серија Б во 2015/16. Подоцна тој работеше во аргентинските Банфилд и Дефенса.
Креспо поголемиот дел од кариерата го помина во Италија, играјќи за Парма, Лацио, Интер, Милан и Џенова, но играше и во Челси.
NOTA OFICIAL
Em comum acordo, Hernán Crespo deixa o comando do São PauloSaiba mais: https://t.co/71yAC7aHHI#VamosSãoPaulo ?? pic.twitter.com/TY42JO0v22
— São Paulo FC (@SaoPauloFC) October 13, 2021