Top Sport

Кришито поминал преку мостот во Џенова пред тој да се сруши!

Италијанскиот дефанзивец, Доменико Кришито вели дека тој поминал преку мостото „Понте Моранди“ во Џенова само 10 минути пред тој да се сруши, во инцидент во кој загинаа околу 30 луѓе.

По силниот дожд во вторникот, еден од столбовите на мостот попуштил под притисок во неверојатна трагедија. Кришито, кој се врати во Џенова од Зенит во мај, вели дека го поминал мостот пред колапсот и побара да се интервенира на другите мостови.

„Ја пишувам оваа порака за тие кои беа загриѓени за мене и моето семејство. Сите сме добро, иако го поминавме мостот точно 10 минути пред колапсот. Не е возможно мост да паѓа на ваков начин. Не е возможно. Мора да направием нешто за нашата земја, бидејќи многу луѓе ја напуштаат поради вакви работи. Ова е ужасно“, напиша Кришито на Инстаграм.

Тимот на Џенова, каде што настапува и македонскиот репрезентативец Горан Пандев ја откажа тренинг-сесијата во вторникот по инцидентот.

Scroll to Top