Top Sport

Ришарлисон се сретна со навивачот кој го измести лактот прославувајќи го неговиот гол

Навивачот на Евертон, Нил Херисон, го измести лактот додека го прославуваше вториот гол на новото засилување на „карамелите“ Ришарлисон, но ако ништо друго имаше шанса да се сретне со Бразилецот и да добие потпис на гипсот.

Херисон бил на гостинската трибина на „Молинју“ во саботата навечер, кога Ришарлисон го постигна вториот гол за 2:1 водство на гостите, а во лудата прослава еден навивач падна на него и му го измести лактот. Херисон, нормално, се пофали на социјалните мрежи како добива кислород по повредата, а за несреќа на сите навивачи на Евертон, Вулверхемптон израмни на 2:2.

Од Евертон веднаш реагираа и го повикаа навивачот на дружба со Бразилецот.

Scroll to Top