Top Sport

Кристал Палас му го продолжи договорот на Хоџсон

Кристал Палас во понеделникот потврди дека ја продолжиле соработката со највозарсниот менаџер во Премиер лигата, Рој Хоџсон.

Рој Хоџсон и Кристал Палас го продолжија партнерството за уште една сезона, до јули 2024 година.

Помошници на 75. годишниот тренер ќе му бидат Педи Мекарти, Реј Левингстон и тренерот на голманите Дин Кили.

„Си поставивме цел, да ја завршиме сезоната во горната половина на табелата. Веруваме дека тоа е можно со оваа одлична група играчи и одлични навивачи кои ги поддржуваат натпревар по натпревар“, изјави Хоџсон.

Хоџсон тренерската кариера ја започна во далечната 1976 година.

Scroll to Top