Top Sport

Тонали е нов играч на Њукасл

Сега е официјално, Сандо Тонали е новиот фудбалер на Њукасл. Тонали потпиша петгодишен договор со Њукасл и е првото засилување за Еди Хау ова лето.

Тонали беше дел од тимот на Милан кој годинава играше во полуфиналето на Лигата на шампионите, а кариерата ја започна во Бреша каде на 17 години дебитираше во Серија Б.

Тој пристигна во Милан во летото 2020 година на позајмица, а Милан го откупи неговиот договор една година подоцна.

Иако клубот не потврди, трансферот е вреден 70 милиони евра, а Тонали ќе заработува седум милиони евра годишно плус бонуси.

„Сакам да му се заблагодарам на Њукасл што ми даде одлична можност во кариерата. На таа доверба сакам да и се оддолжам на теренот каде што ќе дадам се од себе, како и секогаш“, изјави Тонали за клупскиот веб-сајт.

Трансферот на Тонали е најкспиот во историјата на италијанскиот фудбал. Зад себе ги остави Жоржињо, Џиџи Буфон и Кристијан Виери.

Исто така, ова е петта највисока продажба во историјата на Серија А. Пред Тонали се трансферите на Ромелу Лукаку, Пол Погба, Гонзало Игуаин и Зинедин Зидан.

Scroll to Top