„Ел Конфиденсиал“ објави нови снимки, на кои претседателот на Реал Флорентино Перес, ги навредува играчите во тимот. Вчера, излегоа снимки, на кои Перез за легендите на клубот Икер Касиљас и Раул, вече дека се „ девте најголеми измами“.
„Објавените цитати се дел од разговорот кој тајно го сними господинот Хосе Антонио Белан, кој со години, без успех, се обидува да ја продаде оваа снимка. Ме чуди што „Ел Конфиденсиал“ ги објави денес, бидејќи помина многу време“, напишал Перез, наведувајќи дека се работи за изолирани цитати кои се извлечени од контекст.
Перез истакнал дека причина за објавувањето на разговорот е Суперлигата.
„Објавени се денес, по толку многу години, бидејќи бев една од движечките сили на Суперлигата. Ова сега е во рацете на моите адвокати, кои испитуваат какви правни кации ќе преземат“.
„Ел Конфиденсиал“, денес објави нови снимки во кои Перез зборува за Португалците во тимот: Жозе Мурињо, Кристијано Роналдо и Фабио Коентрао.
„Кристијано е луд. Овој човек е идиот, болен човек. Мислите дека овој човек е нормален? Не може да биде нормален кога го прави ова што го прави. Крстијано и Мурињо се личности со големи ега. Двајцата се разгалени, одбиваат да се соочат со реалноста. Треба да се малку поинакви, ќе заработат повеќе пари. Мурињо не е нормален. Коентрао е морон. Човекот вози без возачка. Тој е го..о“, наводно рекол Перез.