Top Sport

Кристијано и Георгина со помош за болно дете од Португалија

Кристијано Роналдо и неговата партнерка, Георгина Родригез направиле голема донација за да се помогне на седумгодишниот Томаш од Португалија, детенце кое за жал има редок рак неуробластома.

Томаш ја добил дијагонзата во септември 2019 година, по што напаѓачот на Јувентус и неговата партнерка реагирале со голема донација и помош тој да добие лекување во клиниката во Барселона. Приказната ја откри сестрата на Георгина, Ивана.

„Томас е на пат до Барселона за да почне со третман за рак во болницата ‘Вал д’Хеброн. Благодарам Георгина и Кристијано за помошта, солидарноста и големото срце“, напиша таа.

Scroll to Top