Top Sport

Кристијано им ја сменил и диетата на своите соиграчи

Во Манчестер јунајтед има нова атмосфера и нови очекувања со пристигнувањето на Кристијано Роналдо, а ако му се верува на резервниот голман на „ѓаволите“, Ли Грент очигледно има и нов режим на исхрана.

Португалецот блесна во второто деби на „Олд Трафорд“ со два гола при 4:1 победата над Њукасл, и Грант признава дека влијанието на суперѕвездата се чувствувало и при петочната вечера, кога тој заедно со соиграчите решиле да не земат десерт.

„Ќе ви дадам еден пример на влијанието кое го има на групата. Во петокот вечер бевме во хотелот, и обично кога ќе ја завршиш вечерата, малку мамиш, и земаш некој десерт. Верувајте ниту еден фудбалер не ги зема тие работи кога го виде Роналдо. Еден од играчите ме праша: ‘Што има Кристијано на чинијата?’ Само здрави работи. Никој не зеде од нездравата храна која ја имаше. Што имаше навистина во чинијата? Имаше повеќе – квиноа, авокадо и варени јајца. Мислам дека го има второто најфит тело во клубот и тоа е неверојатно“, вели 36-годишниот Грант.

Scroll to Top