Кристијано Роналдо признава дека неговиот најголем син, Кристијано Јуниор бил шокиран кога тој му ги покажал условите под кои живеел фудбалерот на Јувентус кога бил тинејџер.
34-годишниот Роналдо си замина од својот роден остров Мадеира на 12 години за да се обиде да стане професионален фудбалер, по што живееше во Лисабон со неговиот најдобар пријател Мигуел Паишао. Поранешниот фудбалер на Манчестер јунајтед и Реал Мадрид решил дека е време деветгодишниот Кристијано Јуниор да го посети ова место.
„Бев возбуден од можноста тој да види каде пораснав. Веќе ја знае Мадеира и куќата кај Маркес де Побал, бидејќи баба му е таму. Дојде со мене и ги посетивме истите луѓе кои живееја на тоа место во Лисабон. Бев потресен што ги видов тие луѓе повторно. Бевме со Паишао и Кристијано и влеговме во собата во која живеев. Тој се сврте и ме праша: ’Тато, дали ти живееше тука?’. Не му се веруваше. Децата си мислат дека сè е лесно. Квалитетот на живот, куќите, автомобилите, облеката. Мислат дека им паѓа во скут. Сакам да го научам Кристијано дека не е доволен само талентот. Треба работа, посветеност и желба за успех“, изјави Роналдо во интервју за португалскиот ТВ-канал „ТВИ“.