Top Sport

Кристијано не беше расположен за селфија во Молдавија

Критичарите на Кристијано Роналдо добија „муниција“ да го критикуваат Португалецот за својата ароганција, откако ѕвездата на Манчестер јунајтед двапати одби да се фотографира со фанови на гостувањето во Молдавија.

Роналдо го постигна својот прв гол оваа сезона и неверојатен 699. гол во клупскит фудбал при 2:0 победата над Шериф, но очигледно немаше време за публиката. На полувреме, кога се симнуваше во соблекувалната на стадионот „Зимбру“, тој одби една девојка која беше припадник на медицинскиот тим, која јасно дека сакаше да направи селфи со него.

Потоа, на крајот на мечот, еден волонтер на стадионот влезе на теренот и се обиде да добие фотографија со Роналдо, но и тој не успеа во својата цел.

Scroll to Top