Top Sport

Ѓоковиќ до Федерер: Беше чест да те запознаам на теренот и надвор од него

Новак Ѓоковиќ се приклучи на големите тениски имиња кои пратија порака до Роџер Федерер, откако швајцарскиот „Маестро“ вчера потврди дека се повлекува од тенисот по долга и славна кариера со која започна новата ера во спортот.

Иако двајцата можеби немаа најпријателски односи, како што на пример Федерер имаше со Надал, респектот останува и Ѓоковиќ го покажа тоа со пораката објавена на Инстаграм.

„Роџер, тешко е да се види овој ден и да се претече во зборови тоа што го споделивме во овој спрот заедно. Повеќе од една деценија неверојатни моменти и битки за да се потсетуваме. Твојата кариера го постави тонот и покажа што значи да се оствари брилијантност и да се води со интегритет и став. Вистинска чест беше да те запознаам н теренот и наддвор од него, за многу години во иднина. Знам дека новото поглавје ќе има прекрасни моменти за тебе, Мирка, децата и сите твои сакани и фанови на Роџер. Од нашето семејство до твоето, ти посакуваме многу радост, здравје и просперитет во иднина. Едвај чекам да ги прославиме твоите остварувања и да се видиме во Лондон“, напиша Ѓоковиќ.

Scroll to Top