Фудбалерот на Јувентус, Кристијано Роналдо, рекол дека 2018 година му била најдобра во кариерата и покрај тоа што не бил прогласен за играч на годината.
„Не ме интересираат индивидуалните рекорди, сакам само да му помогнам на тимот да игра добро. Клупските трофеи се важни и правам се за да дојдам до нив“, рекол Португалецот и дополнил.
„Претходната година беше најдобра во мојата досегашна кариера. Зошто? Затоа што најпрвин ја освоив Лигата на шампионите, а потоа потпишав за Јувентус. Во Торино ме пречекаа на фантастичен начин. Тука се чувствувам добро“.
За потсетување, Кристијано Роналдо, минатото лето од Реал се пресели во Јувентус за сума од 112 милиони евра.
Со 15 гола и осум асистенции тој е еден од најзаслужните што Јувентус има голема предност на врвот во Серија А.