Top Sport

Кристијано Роналдо го постигна 300. гол во Ла Лига (Видео)

Реал Мадрид го совлада Хетафе на „Сантијаго Бернабеу“ 3:1 во 27.коло во Ла Лига. Бејл го постигна првиот гол за Реал во 24.минута, а потоа Кристијано Роналдо ја завери победата со головите во 45. и 80.минута. Единствениот гол за Хетафе е дело на Портиљо од сомнително досуден пенал.

Најдобриот играч во светот Кристијано Роналдо во 45.минута доби овации од публиката, бидејќи со голот кој го постигна дојде до бројката од 300 погодоци во Ла Лига. За да дојде до оваа бројка на Португалецот му беа потребни 286 натпревари во првенството. Во финишот тој го постигна и 301 гол.

На вечната листа води Лионел Меси кој во досегашните 408 натпревари постигнал 372 гола.

Во десетте најдобри стрелци во Ла Лига се и Телмо Зара (251), Раул (228), Хуго Санчез (187, Давид Виља (185), Самјуел Ето (159), Ференц Пушкаш (156), Ариц Адуриз (154) и Раул Тамудо (135).

Scroll to Top