Top Sport

Кристијано Роналдо ќе се пресели во ОАЕ?

Кристијано Роналдо, во летниот преоден рок, ќе го напушти Јувентус, шпекулираат италијанските медиуми. Според „Газета дело спорт“, Роналдо и ЈУвентус добиле понуда што не се одбива.

Наводно, клуб од Обединетите Арапски Емирати, на Португалецот му понудил 60 милиони евра годишно, што е двојно повеќе од она што го заработува во Јувентус.

Инаку, Роналдо, паузата во Серија А ја искористи за да „скокне“ до Дубаи, откаде испрати новогодишно ветување за фановите на Јувентус.

„Се колнам дека ќе направам се за да ја освојам Лигата на шампиони со Јувентус. Ако треба ќе го направам и невозможното“.

Во ова натпреварување, Јувентус за противник во осмина-финалето го доби Атлетико Мадрид.

Scroll to Top