Top Sport

Хјустон подобри од Денвер, Харден од Јокиќ (Видео)

Хјустон Рокетс и Денвер Нагетс се сретнаа во тексас, во дербито кое изминатата ноќ се одигра во НБА лигата. Рокетс, предводени од Џејмс Харден, го победија лидерот на Западот со 125:123.

Харден и друштвото решавачката предност ја направија во втората четвртина, во која акумулираа предност од 12 поени.

Најсериозниот кандидат за МВП признанието, Харден, одигра уште еден меч на кој постигна преку 30 поени. „Брадата“ го предводеше тимот со 32 поени, 14 асистенции и пет скока.

Голема помош Харден доби од центарот Клинт Капела, кој постигна рекордни во кариерата 31 поен. Покрај овие двајца со по 21 поен кај Хјустон се истакнаа Џералд Грин и Пи-Џеј Такер.

Во редовите на Денвер Никола Јокиќ забележа 23 поени, 13 скока, четири асистенции, две украдени топки, a Монте Морис постигна 21 кош.

Денвер се лидери на Западот со 26 победи и 12 порази, а Хјустон се на петтото место со 23 победи и 16 порази.

Scroll to Top