На поранешниот тренер на Штутгарт, Кристоф Даум, кој ги предводеше до титулата во Бундеслигата во 1992 година, му е дијагностициран канцер, објави тој на социјалните мрежи. 68-годишниот стратег не прецизираше за каков вид на рак се работи.
„За жал, морам да се повлечам од јавниот живот во наредните месеци бидејќи ми беше дијагностициран рак при рутински преглед“, напиша Даум на Инстаграм.
„Јас сум во најдобрите раце на проф. д-р Јирген Волф и неговиот тим во Келн и мило ми е што третманот добро функционира за мене“, напиша тој.
Даум не е тренер од 2017 година кога беше селектор на романската репрезентација. Ги водеше и Ајнтрахт Франкфурт и турскиот гигант Бешикташ.