Top Sport

Кутињо признава: Сезоната не беше најдобра

Очекувањата од Филипе Кутињо по трансферот од Ливерпул во Барселона во јануари 2018 година беа огромни, и сега Бразилецот признава дека не играл најдобро во изминатата сезона, во која успеа да го навлече и бесот на дел од навивачите на каталонскиот клуб.

Шпекулациите велеа дека Барса се подготвени да го вратат Кутињо во клуб од Премиер лигата, но тој постојано велеш дека нема да си оди од клубот кој го сака. Сега, тој вели дека следната сезона мора да биде подобра.

„Немав добра сезона и свесен сум за тоа. Очекувањата беа многу поголеми. Но, единствен начин да се биде подобар е да се работи напорно“, вели Кутињо.

Scroll to Top