Top Sport

Спектакуларна пресметка на Баер и Борусија (Видео)

Спектакуларен натпревар одиграа Баер и Борусија Дортмунд на „Бај Арена “ во Леверкузен. Баер со пресврт во две минути успеа да победи со 4:3.

Првото полувреме им припадна на „милионерите“ од Дортмунд, иако Баер преку Воланд го постигнаа првиот гол на мечот. До крајот на полувремето Хумелс и Емре Џан со спектакуларен гол направија пресврт.

На почетокот на мечот Воланд израмни со својот втор гол, а предноста на Борусија и ја врати Гереро во 65 минута.

Резултатот беше актуелен до 81 минута кога Баер израмнија преку Бејли, а веќе во следниот напад Ларс Бендер погоди за целосен пресврт и голема победа на „аптекарите“.

Scroll to Top