Top Sport

Џошуа ќе има можност да му се реваншира на Усик

Ентони Џошуа ќе има можност да ги врати титулите, кои во саботата му ги одзеде Украинецот, Александар Усик. Наследникот на браќата Кличко, пред 70.000 гледачи на Тотенхем арена, во Лондон, надмоќно го победи Џошуа.

Новинарите открија дека во договорот, кој го потпишале боксерите пред мечот, постои клаузула за нов меч доколку Џошуа биде поразен.

„За реваншот не знам ништо, но претпоставувам дека ќе биде одржан во февруари или март наредната година. Мислам дека најисплатливо би било борбата повторно да се одржи во Британија, но свесен сум дека Украинците ќе сакаат борбата да се одржи кај нив. Сепак мислам дека тоа нема да се случи, Украина во февруари не е добра локација за таков меч. Во секој случај ќе соработуваме“, изјави Еди Херн, претставникот на агенцијата „Мечрум боксинг“, која ги застапува интересите на Џошуа.

Инаку, Александар Усик, по победата над Џошуа, стана првиот боксер по Ивандер Холифилд, кој бил неприкосновен шампион во крузер категоријата, а потоа станал светски првак во тешка категорија.

Scroll to Top