Тони Крос открива дека во 2018 година кога Реал Мадрид му врачиле отказ на тренерот Хулен Лопетеги тој бил многу разочаран. Лопетеги кој е актуелен шеф на стручниот штаб на Севилја „Кралевите“ ги предводеше само на 14 меча, а притоа тимот имаше ефект од 6 победи, 2 ремија и 6 порази во сите натпреварувања. Му пресуди поразот од Барса со 5-1.
Крос смета дека Лопетеги е сјаен тренер и голем човек, па затоа му е жал што добил отказ.
„Отказот на Лопетеги ме растажи, првично затоа што тој е првокласен тренер и личност. Само што како тренер на Реал имаше лош момент. Бев среќен за него што ја освои ЛЕ со Севилја, тој тоа го заслужи, направи одлична работа“ рече Крос.
Германецот смета дека Шпанецот во лош период дојде во Реал, затоа што клубот претходно имаше 3 титули во ЛШ во низа, а тоа лето си замина и Роналдо.
„Дојде по 3 врзани титули во ЛШ и Кристијано го напушти клубот. Беше јасно дека годината нема да е лесна. Искрено, ми беше многу жал. Тој отказ ме погоди најмногу затоа што бев сигурен во неговите тренерски квалитети. Таа приказна мене значително ме обележа како играч“ – вели германскиот фудбалер.