Top Sport

Фјури мора да ја брани титулата против Дилијан Вајт

Тајсон Фјури мора да ја брани својата ВБЦ титула во тешка категорија против британскиот предизвикувач Дилијан Вајт, во меч кој најверојатно ќе се оддржи во февруари или март на „Принсипалити“ стадионот во Кардиф.

Иако се веруваше дека Фјури преговара со другиот британски ривал Ентони Џошуа да се откаже од римечот со Олександер Усик, за тој да може да боксува со Украинецот, сега ВБЦ нареди почеток на преговорите со Вајт за меч во првата половина на 2022.

Промотерите на Фјури, Френк Ворен и Боб Арум сметаат дека веќе не можат да чекаат на одлука на Џошуа за меч за обединување на титулите со Усик (кој сега е ВБА, ИБФ, ВБО и ИБО шампион), а тука е и заканата од ВБЦ, така што ќе се одлучат на меч со Вајт.

Ова би бил прв меч по подолго време за Фјури во Велика Британија по долгата кампања низ Америка, каде што се оддржаа неговите три меча со Дионтеј Вајлдер.

Scroll to Top