Реал Мадрид сосема заслужено славеше со 3:1 против Барселона во првото „Ел Класико“ оваа сезона. Фудбалерот на Реал Мадрид, Тони Крос не го криеше дека бил воодушевен од соиграчот Федерико Валверде.
Уругваецот постигна убав гол за 2:0. Тој гол, како и целиот натпревар, го натера Тони Крос да го пофали својот соиграч на социјалните мрежи.
„Феде Валверде моментално е во топ 3 играчи во светот“, напиша Крос на Твитер, а Валверде веднаш одговори дека тој е неговиот најдобар учител.
Уругваецот постигна четири гола и забележа асистенција на девет првенствени натпревари оваа сезона.