Top Sport

Топ 5 на најдобрите во историјата според О’Саливен

Откако Џејми Карагер го стави легендарниот Рони О’Саливен на својата листа на најдобри спортисти на сите времиња, своја листа состави и легендарниот снукер играч.

За Џејми Карагер, Рони е еден од тројцата најдобри спортисти на сите времиња, заедно со Јусеин Болт и Флојд Мејведер. О’Саливен рече дека е поласкан од изборот на Карагер, но сака да разјасни што точно се обидува да каже легендата на Ливерпул.

„Но, треба да разјасниме што точно рече Џејми. Тој рече дека го избрал најдоброто од спортовите што ги сака. И очигледно сака снукер па јасно беше дека ќе ме избере мене, Стивен Хендри или Џими Вајт. Значи, тој не ги избра најдобрите на сите времиња, тој избираше од неговите омилени спортови“, објасни О’Саливен за „Јуроспорт“ по победата во првото коло на Северна Ирска Опен.

„Луѓето го сфатија премногу сериозно. Иако, убаво е и мило ми е што сака снукер“, додаде Рони.

Запрашан самиот да избере тројца, Роние рече дека мора да избере пет спортисти.

Прв беше легендата на Формула 1, Аиртон Сена, а по него боксерската легенда Мухамед Али, а по нив…

„Новак Ѓоковиќ, Роџер Федерер и Тајгер Вудс. И тоа е мојот список. Сакам победници. Немам многу време за луѓе кои не победуваат. Јас навистина не би ги нарекол губитници, но претпочитам победници“, објасни Рони.

Scroll to Top